Порше Македонија го донесе новиот Фолксваген Тигуан

Bez autora
Oct 02 2011

На инспиративна локација - Куршумли Ан, вчеравечер во Старата скопска чаршија во склоп на првото издание на Скопје Design Week 2011, Порше Македонија кој е генерален застапник за брендовите Фолксваген, Шкода и Ауди, го претстави најновото од гамата Фолксваген - новиот Тигуан. Станува збор за втората генерација на овој автомобил која пристигна во Македонија пред неполн месец. Новиот Тигуан е непогрешливо Фолксваген, а сепак е нов и поинаков. Вака изведена комбинација на стил, елеганција, луксуз и способност за совладување непристапен терен досега немаше. Интересно е што современите елементи совршено се вклопени со традиционалните кај кои доминира умешното комбинирање на традицијата и современоста, вниманието кон детали, префинетоста, воспоставувањето на совршена рамнотежа меѓу нагласеноста и одмереноста. Генералниот директор на Порше Македонија, Златко Муцунски истакна дека Тигуанот е уште еден бестселер-модел кој плени со својот експресивен изглед и апсолутен квалитет.

Порше Македонија го донесе новиот Фолксваген ТигуанНа инспиративна локација - Куршумли Ан, вчеравечер во Старата скопска чаршија во склоп на првото издание на Скопје Design Week 2011, Порше Македонија кој е генерален застапник за брендовите Фолксваген, Шкода и Ауди, го претстави најновото од гамата Фолксваген - новиот Тигуан.

Станува збор за втората генерација на овој автомобил која пристигна во Македонија пред неполн месец.

- Новиот Тигуан е непогрешливо Фолксваген, а сепак е нов и поинаков. Вака изведена комбинација на стил, елеганција, луксуз и способност за совладување непристапен терен досега немаше - рече Владимир Димитровски, бренд-менаџер на Фолксваген.

Според него, интересно е што современите елементи совршено се вклопени со традиционалните кај кои доминира умешното комбинирање на традицијата и современоста, вниманието кон детали, префинетоста, воспоставувањето на совршена рамнотежа меѓу нагласеноста и одмереноста.

Генералниот директор на Порше Македонија, Златко Муцунски истакна дека Тигуанот е уште еден бестселер-модел кој плени со својот експресивен изглед и апсолутен квалитет.

- Произведен од врвни материјали и со неоспорни перформанси, како и сите останати автомобили, Тигуан ќе го задоволи копнежот за нов енергичен и динамичен партнер за живот во движење и постојана возбуда - рече Муцунски.

Освен новиот Тигуан, новина за Порше Македонија е што оваа година се закити со уште две престижни награди: Најдобар работодавач за 2011 година, како и титулата Супербренд за 2011/12 година. Овие награди јасно ја покажуваат прогресивната линија на успешното работење на оваа компанија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik